Таравари очекува советот утре да го изгласа буџетот на општина Гостивар

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари изрази надеж дека во текот на утрешното гласање ќе биде усвоен буџетот на општина Гостивар. Тој истакнал дека за ова прашање го известил и евроамбасадорот Самуел Жбогар, кој денеска беше во посета на Гостивар. Според Жбогар со усвојувањето на буџетото ќе се деблокира работата на општината.

Таравари уште еднаш побара од советниците на другите политички партии да гласаат за буџетот, затоа што од досегашната блокада страда локалното население.  Од локалните избори до сега општина Гостивар нема изгласан буџет поради политички несогласувања меѓу советниците од ДУИ и Алијанса за Албанците.

 

 

 

19.03.2018 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега