Едноставна вежба која може да се прави дома: Го затегнува телото, ги намалува килограмите и го уништува целулитот

Многу фитнес експерти тврдат дека прескокнувањето на јаже е поефикасно од трчањето. Истражувањата потврдуваат дека 10-минутното вежбање со јаже троши калории како 30-минутното трчање, затоа не треба да го игнорирате овој забавен кардио тренинг.

Доколку сè уште не сте убедени во тоа, ви претставуваме уште неколку предности на оваа активност: подобрување на кардиоваскуларната и мускулната издржливост, координација и рамнотежа, затегнување на мускулите (нозе, раце, грб, стомак, рамена) како и елиминирање на најголемиот женски непријател на убавината – целулитот. 

 

Но, пред да започнете со овој тренинг, мора да ја знаете основата на прескокнување на јаже бидејќи погрешното вежбање може да доведе до сериозни повреди.

Она на кое треба да внимавате е должината на јажето. Оптималната должина ќе ја одредите така што ќе застанете во средина на јажето, а рачките треба да бидат во висина на вашите гради. Предност е тоа што можете да вежбате во природа, што е одлично за елиминирање на наталожениот стрес, но избегнувајте тврда подлога.

 

Направете одличен кружен тренинг така што ќе го прескокнувате јажето 30, 45 или 60 секунди, а потоа преминете на склекови, исчекор, трчање во место, качување по скали, клекнувања итн.

Започнете со лесен тренинг, со тоа што ќе направите отприлика 100 прескокнувања, а потоа со текот на времето зголемете го бројот на повторувања и времето на вежбање.

 

Што се однесува до целулитот, ова е вежба која ќе влијае на неговата намалена видливост, доколку тренирате 3-4 пати дневно. Секако, и понатаму мора да внимавате на правилната исхрана и доволниот внес на вода во текот на денот.

 

 

 

19.03.2018 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега