СЈО се откажа од Сопот

Специјалното јавно обвинителство се откажа од обвинението за случајот „Сопот“. Според обвинителката Катица Јанева не постојат доволно докази со кои може да се утврди обвинението за конкретните обвинети. 

Единствен доказ на кој се засновала пресудата е сведочењето Бајрам Рамадани, кој исказот го дал под присила.

Овој случај е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот. Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам. Тие се товарат дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, лани во јули го предаде предметот на СЈО, откако во јавноста беа објавени разговори на владини функционери поврзани со случајот. 

 

 

 

19.03.2018 - 12:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега