Мицкоски: Единствено решение за Македонија е да замине оваа власт

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за Нетпрес, вели дека имаме држава во која рушењето е главна активност, а новата Влада не прави ништо.

Тој вели дека ќе излезе на улиците да ги слушне проблемите на граѓаните.

- Како да ја спасиме европската агенда која сега е во ќорсокак, донесена таму поради неспособноста на владата. Решението е едноставно. Оваа влада мора да си замине. Владата рече дека ќе ги реализира реформите за 3, 6 и 9 месеци, затоа го нарекоа популистички планот 3-6-9, еве поминаа 10 месеци, ниту до половина не се стигнати.  Европската перспектива на државата не е нешто што се сервира на тацна, таа треба да се одработи, имаа 10 месеци и не направија ништо, вели Мицкоски за Нетпрес.

Околу Законот за јазиците вели: - Неодговорната и неспосбна влада преку насилни и непромислени чекори создава како со нож поделено општество. Таквото поделено општество доведува до уште поголемо раздвојување наместо обединување. До таму не води ваквата реторика со која ВМРО-ДПМНЕ не се согласува и не ја одобрува. Наместо општество за сите имаме поделено општество. Да не гледаме што зборат, да видиме што прават. На сила донесуваат закон за јазици со кој се става прст во очите на соживотот, и потоа веднаш бараат виновници за тензиите, кои по дефиниција се сите други освен тие самите. Треба да си погледнат во сопствениот двор. Само поради тоа што еден политички лидер се договорил и направил коалициски договор со лидер на друга политичка партија имаме ставање на државата под залог. И затоа велам овој закон нема да профункционира и ќе го видите тоа, вели тој, додавајќи дека дека мора да има систем и да функционира и да има казни за ова.

За прашањето дали Иванов го прекршува Уставот вели:

- Пазете ова го вели премиерот Заев, кој од Уставот прави решето, само затоа што се договорил и му се ниша коалицијата за да се одржи на власт. Чинот на Иванов не само што не е кукавички, туку тоа е и државнички чекор, и се става во позиција да го чува и штити Уставот. Тоа е негова обврска, исто каква што е и на Зоран Заев кому гледаме дека воопшто не му е гајле за Уставот. Треба да се гледа целосно сликата, а не во нејзините фрагментирани делови.

За името вели дека тој во политиката е реалист.

 

 

 

19.03.2018 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега