Ставен во мирување штрајкот на рударите во „Саса“
Штрајкот на рударите и блокадата на патот кон рудникот "Саса" се ставени во мирување, информираше претседателот на сидикалната организација на МЕСО во Македонска Каменица, Сашо Јованов.
Одлуката е донесена на состанокот, кој доцна синоќа се одржал во Владата на Република Македонија, а во присуство на раководствата на Сојузот на синдикатите на Македонија, Мултиетничкиот синдикат за образование и менаџерскиот тим на рудникот „Саса“ и како набљудувач присуствувала градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Јованов вели дека синоќа по 22 часот и 30 минути тргнати се блокадите од локалниот пат во Долна Саса, а од денеска рударите почнуваат со редовна работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа