Законот за јазиците ќе ги заобиколи амандманите на ВМРО-ДПМНЕ?

Се поизвесно станува дека Законот за јазиците ќе се донесе заобиколувајќи ги амандманите на ВМРО-ДПМНЕ. Премиерот Заев денеска на прес конференција во Владата рече дека Законот мора да се донесе до крајот на оваа недела.

Изјавата на Заев се поклопува со рокот кој го даде Талат Џафери од една недела за да се направи усогласување на ставовите.
Временското ограничување од неколку дена дава јасен сигнал дека амандманите на ВМРО-ДПМНЕ воопшто нема да се разгледуваат, бидејќи во овој период, воопшто и нема време за тоа.

Ставот на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање, останува непроменет, изјави вчера партискиот лидер Мицкоски во интервју за Сител.  Првиот човек во опозицијата му предложи на премиерот да се повлече од Законот за јазиците, а во замена да ја добие поддршката на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието за реформските закони

 

И покрај ставот на премиерот дека Законот за јазиците поминал 9 месечна дебата, сепак, експертите велат дека тој е донесен во Собранието во крајно сомнителна постапка со злоупотреба на европското знаменце  за што реагираше и меѓународниот фактор но и официјален Брисел.
Истовремено, во собраниската процедура за овој Закон ДУИ не дозволи да биде поднесен ниту еден амандман, па дури ни оние кои ги подготви нивниот коалиционен партнер, СДСМ.

Целата „дебата“ за законот минуваше во време кога опозицијата не беше во Собранието обвинувајќи за недостаток на демократски амбиент  во законодавниот дом. Останува отворено дали евентуалното прескокнување на нивните амандмани дополнително ќе го влоши „демократскиот амбиент“ во Собранието што би можело да ја оддалечи опозицијата од договор со власта за серија закони за кои е потребно двотретинско мнозинство.

 

 

 

12.03.2018 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега