Жалбите на притворени од 27. април пристигнаа во Врховен суд

Жалбите на притворените од случувањата во Собрание на 27. април пристигнаа во Врховниот суд, објави Нова ТВ.

Од судот не информираат колку точно жалби се пристигнати, но велат дека станува збор за жалби за кои е оформен еден предмет. Тоа значи дека советот ќе одлучува за сите жалби заедно, а не одделно.

„Стигнати се повеќе жалби за кои е оформен предмет по кој ќе одлучува судот“, изјавија од судот за Нова ТВ, додавајќи дека штом ќе биде одлучено по нив, ќе излезат со известување.

Одлуката најрано може да се очекува следната недела, бидејќи предметот со жалбите прво  треба да се достави до Обвинителството за одговор

Во моментов во затворски притвор се пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски. Нивните колеги Љубен Арнаудов, Јохан Тарчуловски и пратеникот на Социјалистичката партија, Љупчо Димовски се во куќен притвор, додека на Жаклина Пешевска на барање на Обвинителството и беше укинат куќниот притвор и заменет со мерки на претпазливост.

Апелација, пред петнаесетина дена им го замени затворскиот притвор со куќен на Богдан Илиевски, Борис Дамовски и пратеникот Љубен Арнаудов, Јане Ченто, Иван Цветановски – вработениот во кабинетот на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и Оливер Радулов од УБК. Истовремено, Апелација го потврди притворот за Мукоски и Василевски.

 

 

 

08.03.2018 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега