Николовски и Љајиќ во постојана комуникација за проблемот со брашното

 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска повторно телефонски разговарал со српскиот министер за трговија Расим Љајиќ околу недоразбирањето со увозот на брашното.

Како што информираат за МИА од Министерство за земјоделство,  шумарство и водостопанство, Николовски и Љајиќ се во постојана комуникација и не е исклучено повторно да се слушнат во текот на денов. Се бараат решенија, се дискутираат различни предлози за надминување на состојбата. 

Се очекува, на утрешниот Економски совет на министрите од ресорот економија да биде отворорено и прашањето за измените на Правилникот поради кој настана недоразбирањето со Србија. 

 

 

 

05.03.2018 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега