Шилегов: Не е крај на светот што ги сменивме партиските послушници на ВМРО-ДПМНЕ

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на новинарско прашање потврди дека во управните и надзорните одбори на јавните претпријатија за членови се избрани лица кои се партиски кадри на СДСМ. 

„Се обидуваат со спинови да ја дефокусираат јавноста од одлуката која е донесена. Станува збор за тргање на партиските кадри од управните и надзорните одбори кои се именувани од ВМРО-ДПМНЕ. Очигледна е болката што не се стратешки фактори за носење одлуки во градот. Тоа е промоција на примитивизмот во политиката. Апсолутно се познати луѓето за кои се гласа. Дури делови од администрацијата се вклучени. Вклучени се партиски кадри на СДСМ во управните и надзорните одбори. Тоа што ги сменивме партиските послушници на ВМРО ДПМНЕ не е крај на светот“, рече Шилегов, пренесе Макфакс.

 

 

 

05.03.2018 - 11:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега