Ги славиме тројцата Свети апостоли Архип, Филимон и Апфија

Денеска е Св. апостоли Архип, Филимон и Апфија.

Филимон се спомнува во Новиот завет: има едно послание од апостол Павле упатено до него. Живеел во градот Колоси, Мала Азија. Секој Господов ден во неговиот дом се собирале сите христијани од Колоси да ја прослават тајната на Благодарењето. Во своето служење на Црквата средечно му помагала и неговата жена Апфија. Во една пригода, двајцата биле затворени заедно со епископот на Колоси, Архип, како христијани, а потоа осудени од ефескиот регионален управник на маки и на смрт.

Беседата за денешниот ден вели:

„Кој е неверен во малку и во многу е неврен.

И ако во Туѓото не сте верни, кој ќе ви даде повеќе?

Затоа денеска на оној кому му се даде материјално богатство и се покаже како себичен, тврд, немилостив и безбожен, тој не треба да се надева на духовно богатство, бидејќи кога си неверен во малку, ќе бидеш неверен и во многу, кога си неврен во телесно, ќе бидеш неверен и во духовно.

 

 

 

04.03.2018 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега