Ахмети и Мицкоски не се договарале, само си честитале

Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, Христијан Мицкоски и Али Ахмети денеска се сретнаа во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, каде што разговарале за актуелната политичка ситуација- објави Тв Телма.

Али Ахмети истакна дека ова не било средба за договорање за Законот за употреба на јазиците.

– Му го честитав изборот на Мицкоски и на конструктивен начин разменивме мислења, рече Ахмети и додаде дека комуникацијата треба да продолжи и во иднина за напредокот на државата.

– Ние сме ориентирани кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе придонесеме кон поквалитетни реформи, рече Мицкоски.

Во врска со Законот за употреба на јазиците, Мицкоски пак истакна дека ова не биле преговори, туку само ги аргументирале позициите.

– Поради математички и политички причини не можеме да учествуваме во работата на Собранието. Математичката е поради тоа што 12 отсто од пратениците ни се во притвор, а политичката е поради сериозното нарушување на демократскиот амбиент во Македонија, рече Мицкоски.

Ахмети изјави дека во интерес на двете партии е стабилност на земјата и напредок во имплементирање на реформите.

 

 

 

03.03.2018 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега