СОНК бара решавање на состојбата со непродолжените договори на вработени во градинките

Самостојниот синдикат на образование, наука и култура (СОНК) бара од надлежните институции да се реши проблемот со вработени во градинките на кои не им се продолжени договорите за работа.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков вели дека иако се дадени согласности од Министерството за труд и социјална политика, договорите на поголем број лица не се продолжени, а во некои случаи на нивно место се вработени други лица.

- Надлежните да најдат соодветни решенија. Сознанијата и информациите се дека голем дел од колегите кои имаат добиено согласност за продолжуање на работниот ангажман се отпуштени или не им се продолжени договорите, а на нивни места се примени други лица, рече на прес-конференција Неделков, додавајќи дека ваквата состојба е непродуктивна и негативно влијае и врз децата на кои им се менуваат воспитувачките.

Посочи дека ваквата состојба се јавува во Охрид, Прилеп, Кратово, Штип, Битола и Пробиштип, а дека во другите општини, како и во скопските имаат комуникација за состојбата со продолжување на договорите и трансформирање на работниот однос.

- СОНК ги повика надлежните, МТСП и локалните самоуправи да преземат мерки за да се вратат вработените назад, рече Неделков и додаде дека се подготвени да им понудат на засегнатите бесплатна правна помош.

Порача додека не се задоволат потребите на градинките со кадар од постоечките да не примаат нови вработени. Побара и да се направи внатрешна трансформација, бидејќи, како што рече, има голем број случаи на негователки кои работат на работно место воспитувач и треба да им се трасформира решението за работа. 

Емилија Филиповска од градинката „Димче Митрев“ истакна дека иако било ветено дека договорите што се продолжени до 28 февруари 2018 година ќе се трансформираат од опредлено на неопределено време, тие се нашле надвор од градинките.

- Ние сме надвор од установата. Бараме од министерката да се изјасни и да земе предвид нашето работно искуство, рече Филиповска повикувајќи се на најава на минситерката Царовска дека ќе им бидат трансформирани решенијата.Според неа, градинките имаат потреба од вработувања на неопредленео време, кадар во кој ќе вложуваме, ќе го растеме и градиме за да имаме подобри услуги и нема потреба од вакви малверзации и отпуштања. 

 

 

 

 

03.03.2018 - 12:35
Фото: 
Според неа, градинките имаат потреба од вработувања на неопредленео време, кадар во кој ќе вложуваме, ќе го растеме и градиме за да имаме подобри услуги и нема потреба од вакви малверзации и отпуштања.

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега