Видео: „Епа сега ќе не слушаат“ - вака изгледа демонстрација на моќ од која Западот занеме

„Напорите на САД да ја запрат Русија пропаднаа. Никој не нѐ слушаше. Епа сега ќе нѐ слушаат!“.

Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин, откако соопшти дека Русија развила нуклеарно оружје способно да избегне било каков систем на одбрана. Путин исто така предупредил дека Москва „веднаш ќе одговори на секој можен нуклеарен напад на државата или на нејзините сојузници“.

Во говорот, кој го пренеле најважните телевизиски куќи во Русија, како негово главно предизборно обраќање пред претседателските избори, Путинизјавил дека во Русија се развиени и беспилотни подводни пловила, кои може да се движат на многу голема длабочина, кои имаат меѓуконтинентален дострел и брзина двојна поголема од брзината на подморницата, најсовремени торпеда и сите видови на бродови, дури и најбрзи.

Рускиот претседател предупредил дека САД до сега не ја сфатиле сериозно нуклеарната моќ на Русија и најавил дека сега тоа ќе се промени.

 

 

 

02.03.2018 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега