Мислевме дека најтешкиот дел од зимата помина, но следи поголема промена: Регионот во црвена метео фаза

Ледениот бран кој ја зафати и Македонија, уште повеќе си ја покажа силата во Србија, Босна и Хрватска.

Кај нас беше прогласена портокалова фаза, додека во земјитре од регионот црвена алармантна фаза од страна на метеоролозите.

Денеска не само кај нас, туку и во регионот врне замрзнат дожд кој може да предизвика многу проблеми со лизгавите површини, кои мрзнат на кочан ладното време.

Утринската температура од минус еден до пет степени, а дневната температура ќе се движи од три до девет степени. Во Скопје ќе биде облачно со врнежи претежно од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе достигне до минус два, а дневната температура до пет степени.

За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег. Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

 

 

 

02.03.2018 - 08:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега