УХМР со прогноза за викендот - следи драстична промена на времето

Утре ќе има повремени врнежи претежно од дожд, а на повисоките планини од снег.

Пообилни врнежите ќе бидат во западните делови, каде до сабота наутро локално се очекува да наврнат над 40 л/м2.

За време на викендот се уште ќе има повремен дожд претежно во западните делови, а само на планините над 2000 м.н.в. ќе има повремен снег.

Во останатиот дел од земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Во сабота ќе дува и повремено засилен западен ветер, поизразен на југот од земјава.

Ќе настапи значително затоплување што ќе услови нагло топење на снежната покривка.

 

 

 

01.03.2018 - 23:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега