После ова, веќе никогаш нема да ги ставите рацете под апарат за сушење

Апаратите за сушење раце во јавните тоалети, според еден експеримент, се покажале како мошне заразни.

Направен е експеримент при што е земен сад и ставен на местото каде што ги држиме рацете при сушење. По три минути сушењето е прекинато, а садот оставен настрана неколку дена.

– Сето ова се разви за неколку дена, а влезе преку апаратот за сушење, напиша на својот Фејсбук профил Никол Вард, која го правеше експериментот, со објаснување дека „суштествата“ се појавиле само по три минути користење на апаратот.

Таа вели дека нема намера никого да вознемири, туку само да предупреди и да се избегнат непријатности. Советува да се користат обични марамици или хартија за бришење раце за да се избегнат бактериите.

 

 

 

01.03.2018 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега