Фенг шуи трикови: Привлечете позитивна енергија во домот и љубов во својот живот

Енергијата на љубовта е како светлина, на сите ни е потребна. Со оглед на тоа дека фенг шуи е одличен сојузник во креирање на позитивна атмосфера во домот и привлекување на богатство во животот, зошто да не ги искористите овие три одлични совети и да привлечете љубов.

Пред да ги послушате и примените овие совети, фенг шуи учителите советуваат дека е потребно пред се да се сакате себе си и да се грижите за вашите емоционални потреби. Дури кога ќе ги исполните тие услови, може да креирате позитивна енергија во домот која ќе привлече енергија и љубов.

Прв ФЕНГ ШУИ совет за љубов

Претворете ја својата соба во место кое ќе зрачи со позитивна енергија и романтична атмосфера. Каков е креветот во кој спиете, а во која боја се ѕидовите во собата? Дури и ако сте сами уредете го вашето катче за спиење во боите на љубовта за две лица. Енергијата над креветот треба да биде силна и балансирана. Поставете ноќни светилки од двете страни или убав кревет.

Втор ФЕНГ ШУИ совет за љубов

Претворете го купатилото во спа простор кој ќе привлече енергија и љубов. Доста луѓе не внимаваат на купатилото и оваа просторија последна чека на уредување. Меѓутоа, според Фенг шуи и тоа како е важно оваа просторија да биде уредена како би благосостојбата и љубовта владеале со вашиот живот.

Купатилото најчесто го користиме да го исчистиме телото, но и душата како што тврдат фенг шуи учителите. Затоа уредно и убаво купатило е пријатно за користење како спа центар и ќе ви донесе на вашето тело и душа добра енергија. Доколку зрачите со позитивна енергија лесно ќе ја привлечете сродната душа во својот живот.

Трет ФЕНГ ШУИ совет за љубов

Исполнете го домот со детали кои според фенг шуи донесуваат среќа и благосостојба во домот. Секако, нема само да ви помогне ако мандаринската патка (тие се симбол на љубов, романса, подреденост и партнерска љубов) ја ставите на вистинското место, но овој предмет секако ќе донесе позитивна енергија во вашиот дом, а со самото тоа и во животот. Романтичната слика која асоцира на љубов, розеви кристали и црвени свеќи ќе и допринесат на позитивната атмосфера во која ќе се чуствувате блажено и сакано и сигурно.

 

 

 

01.03.2018 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега