Внимание на следниве патни правци- намалена видливост и густа магла

Намалена видливост од 50 до 60 метри поради магла има на патниот правец од селото Лисец до Попова Шапка, информира ЈП Македонија пат.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по наместа влажни коловози. Се уште трае забраната за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. 

На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Посочуваат дека нивни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

 

 

 

01.03.2018 - 18:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега