Тетовец со клоци и тупаници ја удирал сопругата поради загубена запалка

Дваесет и деветгодишната тетовка И.А. вчера пријавила семејно насилство од нејзиниот сопруг 29- годишниот  С.А, исто така, од Тетово.

Претходниот ден околу 20 часот, по кусата вербална расправија околу изгубена запалка на С.А., тој физички ја нападнал, повеќе пати удирајќи ја пред нивното малолетно дете со тупаници и клоци по главата и телото, а во еден момент ја влечел и за коса, нанесувајќи и видливи повреди. Според кажувањето на И.А, психичко и физичко малтретирање од сопругот неколку пати и се случувало и порано, но не го пријавувала, соопштуваат од СВР Тетово.

Тетовецот С.А, набрзо е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово на разговор, а неколку часа подоцна е пуштен.

По целосното расветлување на сите поединости ќе следува соодветен поднесок.

 

 

 

01.03.2018 - 18:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега