Исчистете ги флеките од сол на своите обувки со само две состојка

Кога е вакво невереме и улиците се со снег, мраз и лизганици многумина па дури и за свечени моменти, одбегнуваат да ги облечат своите омилени топли чевли или чизми, бидејќи се плашат да не им ги уништи солта која е насекаде. 

Вашите обувки за повторно да изгледаат како нови, не е потребна мудрост, туку само малку вода и алкохолен оцет, едно крпче и поголема крпа.

На една мерка оцет, додавате две мерки вода и измешајате ги. Потоа намокрете го крпчето во овој раствор и белата флека од чевлите добро истријте со него, после тоа влажноста на чевлите избришете ја со поголемата крпа.

Чевлите, чизмите или патиките оставете ги да се исушат, но подалеку од грејно тело, за да не ви испукаат.

Доклолку е неопходно, односно флеката не е исчезната, после неколку часа повторета ја постапката.

После овој третман намачкајте ги малку со балзам за коса.

 

 

 

 

01.03.2018 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега