Тајна која е криена со години: Кралицата преживеала атентат, а куршумот и поминал покрај глава

Обидот на тинејџерот да изврши атентат врз кралицата Елизабета за време на нејзината постеа на Нов Зеланд во 1981 година полицијата го заташкала покажуваат документите на кои неодмна е тргнат печатот за тајност.

Во текот на кралската парада во градот Данидин, 17 годишниот Кристофер Џон Луиз се сокрил во кабината на тоалетот и испукал куршум кон кралицата која во тој момент излегувала од својот Ролс Ројс. Куршумот поминал покрај нејзината глава.

Иако Луиз е уапсен, никогаш не е обвинет, а на домашните и странските новинари кои го слушнале истрелот кажано им е дека паднал знак. Новозеландската разузнавачка служба објавила инфомрација која до сега имала печат на доверлива, дека всушност тоа било атентат.

„Луиз навистина имал намера да изврши атентат врз кралицата, но немал добра позиција за пукање, како ни пушка со доволен домет“, се наведува во документите на разузнавачката служба со кои се потврдува обидот за атентат.

Поранешниот полициски началник, Том Луис, кој се занимавал со овој случај, рекол дека политиката се вмешала поради стравот дека оваа земја повеќе нема да се наоѓа на мапата на кралските турнеи поради безбедносни пропусти.

 

 

 

 

01.03.2018 - 17:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега