Јункер: Ниту една земја од Западен Балкан не ги исполнува условите за влез во ЕУ

Претседателот на Европска комисија, Жан Клод-Јункер по посетата на Софија истакна дека ниту една од земјите на Западен Блакна не ги исполнува условите за влез во ЕУ.

„Тие што сакаат да и се приклучат на ЕУ треба да ги исполнат сите критериуми и услови за влез, но во овој момент ниту една од овие држави не ги исполнува и покрај тоа што има огромен напредок кај сите“, рече Јункер.

Тој порача дека земјите прво мора да ги решат граничните спорови за да ги исполнат условите за влез во ЕУ.

„Ќе направиме се можеме и ќе работиме заедно во таа насока. Ја гледам истата желба и кај нашите партнери кои сакаат да ги направат реформите што се неопходни за приклучување на Унијата“, порача претседателот на ЕК.

На средбата во Софија учествуваа претседателите и премиерите на Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Од Унијата покрај Јункер беа и високата претставничка на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

 

 

 

 

01.03.2018 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега