Законот за јазиците пред пратениците на 6-ти март

Законот за јазиците најверојатно ќе се најде пред пратениците на 6-ти март, објави Телма повикувајќи се на свои извори.

Мицкоски ги негира шпекулациите дека постои можност договор со власта да се вратат во  Парламентот и да овозможат гласање на Законот за јазици во замена за укинување на мерката притвор за шестмината пратеници.

Ова ќе биде трето читање на законот за јазици. Собранието го донесе без да усвои ниту еден од првичните 90 амандмани. Откако претседателот Иванов не го потпиша указот, ВМРО-ДПМНЕ поднесе нови 35 илјади 569 амандмани. Џафери вели дека на политичкиот став за блокада на законот, очекува политичко решение. Откако ќе ги ислуша сите аргументи, ќе донесе, како што потенцира, неповратна одлука, во согласност со Уставот и со Деловникот.

 

 

 

01.03.2018 - 16:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега