ССМ бара заштита на работниците од студениот бран

Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку соопштение побара заштита на работниците од студениот бран и почитување на препораките од Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови.

- ССМ бара работодавачите да водат грижа за безбедноста и здравјето при работа на работниците и за таа цел, согласно препораките, да се ослободат од работни обврски бремените жени и лицата над 60-годишна возраст, а за работниците коишто работат на отворено, се препорачува реорганизација на работното време од 10 до 16 часот, со повремени паузи на секои два часа по половина час, во топла просторија и со топли напитоци, со цел заштита на нивното здравје, се вели во соопштението. 

 

 

 

01.03.2018 - 14:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега