Самохрана мајка послужувала тројца мажи, а кога отишла да им наплати, поради нивниот потег се расплакала

Самохраната мајка на четири деца, Триша Марфи, од американската сојузна држава Мејн едвај спојува крај со крај.

Покрај тоа што работи во старечки дом и полага испити како би станала професионална негувателка, дополнително е вработена како келнерка.

„Просечно работам 50 до 60 часа неделно и на курс поминувам уште 18 часа“, вели таа.

Еден викенд и бил посебно стресен бидејќи освен што не стигнала да оди на божиќен шопинг, и се расипал автомобилот и не знаела како ќе пронајде 735 долари за поправка.

Додека во текот на својата смена во ресторанот се мислела што ќе прави, на една маса седнале тројца мажи, а еден ја прашал какви и се плановите за Божиќ.

Им раскажала дека има четири деца кои се веселат за празниците. Кога дошло време за наплата, останала во шок.

Мажите и оставиле 500 долари бакшиш, што било дури 15 пати повеќе од износот на сметката.

-Прво мислев дека се работи за грешка, а потоа морав да се борам со солзите. Еден од нив само се насмевна и рече „Среќен Божиќ“, драга, раскажала Триша која целата приказна ја споделила на Фејсбук.

„Веќе можев тие пари да ги вложам за поправка на автомобилот, а со останатата заработувачка да купам подароци за децата. Ми го спасија Божиќ. Се уште има добри луѓе на овој свет, рекла Триша.

 

 

 

23.02.2018 - 22:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега