Видео: Состојбата сериозна - Бора Чорба заврши во болница, откажан е и концертот

Борислав Бора Ѓоргевиќ, фронтменот на „Рибља Чорба“, заврши во болница со скршени ребра, а своите фанови за тоа ги извести преку социјалните мрежи.

Имено, Бора требаше да настапува на еден фестивал во Крагуевац, но концертот мора да биде откажан.

„Драги пријатели, навивачи на Рибља Чорба од Крагуевац, имам една добра и една лоша вест. Лошата вест е дека мора да го поместите концертот затоа што повторно се повредив и повторно скршив некои ребра. Добрата вест е дека ќе дојдеме во Крагуевац веднаш штом се оправам и ќе бидеме подобри од било кога. Се гледаме на концерт“ порача Бора.

 

 

 

23.02.2018 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега