Видео: Владата најави поддршка на две нови инвестиции - ќе се отворат нови работни места

Владата се пофали со поддршка за две нови инвестиции. Првата, САГЕН  ќе инвестира во ТИРЗ Скопје 20 милиони евра во наредните 5 години , ќе произведува лекови и ќе вработи 300 лица. Владата на вчерашната  седница донесе одлука и да им додели земјиште под закуп, објави Сител. 

Втората,  ВИК , лоцирана во  зоната во  Прилеп  ќе добие државна помош. Колкава и под кои усливи, не се знае, затоа што законот за поддршка на инвеститорите се уште не е донесен. Стариот начин за привлекување странски инвестиции, од времето на ВМРО ДПМНЕ, токму  оваа влада го критикуваше и го нарекуваше нетранспарентен.

Компанија која ќе вложи во Прилеп 6 милиони евра  и ќе произведува прехранбени производи и апарати за домаќинство  е инвестиција  од 2016 та година. Ја донесе министерот  за привлекување странски инвестиции Бил Павлевски. Менаџаментот уште тогаш ги објави своите инвестициски планови.

Руската компанија ПРОДИС пак, која не го испочитива договорот  и наместо 100 вработи само 40 лица, ќе треба да плаќа пенали.

Од Владата велат дека очекуваат од оваа компанија да инкасираат оштета во висина од речиси 159 илјади евра.

 

 

 

14.02.2018 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега