Охрид и Струга ќе соработуваат со АППТ за развој на туризмот

Средби со градоначалниците на Охрид и Струга, Јован Стојановски и Рамиз Мерко, се дел од активностите на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) на Република Македонија кои ја интензивират меѓуинституционалната и регионалната соработка за зајакнување на туризмот и подобрување на соработката на локално и национално ниво.

Како што информираат од АППТ, на средбата со Мерко договориле отпочнување заедничка соработка во делот на промоцијата и поддршката на туризмот, односно заеднички настап на саемски манифестации, пред се на саемот во Тирана, Албанија. На средбата се дискутирало и за потенцијални инвеститори и инвестициски можности во струшкиот регион. Со Стојановски се разговарало за заеднички настапи со АППТ на саемите за туризам – со приоритет на саемот за туризам во Република Србија кој се одржува следната недела. Овој саем, велат од Агенцијата е од посебна важност за градот Охрид поради фактот дека најголемиот број на туристи во Охрид се од Србија, а соработката за промоција ќе продолжи и на саемите во Хрватска и Германија. 

- Законот за угостителство во делот на категоризација на објекти и формирање на туристичка инспекција се наметнуваат како приоритет за решавање, со што се постигна обострана согласнот дека ќе се пристапи кон барање од туристичкото стопанство за формирање на туристичката инспекција, како и заштита на некои природни споменици како Студеничкото блато и изворите на реката Дрим во Охрид како атракции за еко туризам и нивна заштита, стои во соопштението на АППТ.

 

 

 

14.02.2018 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега