Презентиран новиот софтвер за јавни набавки - од годинава измени

 Во Министерството за финансии денеска беше презентиран најновиот софтвер на Бирото за јавни набавки, со цел овозможување поголема транспарентност и отчетност во процесот на склучување договори за јавни набавки.

Новина во надградениот систем е објава на склучените договори, бесплатен преглед на тендерската документација, критериумите и условите и поради транспарентноста на самите договори, може да се прават натамошни анализи.

Како што изјави портпаролот на Министерството, Јована Аврамовска, новиот систем овозможува персонализирани анализи, што, според неа, е во насока на отворање на транспарентноста, односно давање можност истражувачките новинари, граѓаните и секој кој што е заинтересиран за јавните набавки може сам да истражи и да направи анализа базирана на податоците со кои располага Бирото за јавни набавки.

- Она што се направи како прво е отварањето на договорите, и тоа се случи со одлука на владина седница, и уште од минатиот месец договорите веќе се објавуваат, рече Аврамовска и додаде дека ова е само почеток на отворање на транспарентноста и овој софтвер во иднина ќе се унапредува.

Посочи дека ваков вид комбинација на податоците со кои располага системот досега не бил достапен и оти над 1.700 договори досега се објавени од страна на договорни органи, а со цел да се има транспарентен пристап на сите до целосната документација за склучувањето на јавната набавка.

Од оваа година сите јавни набавки ќе се извршуваат по електронски пат за зголемување на транспарентноста.

 

 

 

 

10.02.2018 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега