Анѓушев: Фени е на добар пат да се рестартира

Комбинатот Фени  е на добар пат да се да се рестартира, изјави денеска вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Вчерашното решение на  Одборот на доверители да поддржи две иницијативи за реструктуирање на комбинатот, потенцираше Анѓушев,  значи дека не оди во ликвидација, туку во реструктуирање. 

- Планот за реструктуирање ќе покажа дали сите доверители ќе ги добијат побарувањата во целост. Не можам да кажам што ќе содржи тој, но сметам дека е на пат тие да бидат во најдобар дел обештетени, рече Анѓушев, одговарајќи на новинарски прашања, по доделувањето договори за иновативни проекти.

Вицепремиерот потенцираше дека Владата будно го следи процесот во Фени, што сега го водат судските органи, и води грижа за интересите на вработените.

- Со задоволство можам да кажам дека по два месеца, иако имаше доста контроверзни информации, резултатите зборуваат сами по себе. Зборот е збор, тоа што беше кажано е остварено и Фени е на добар пат да се рестартира, рече Анѓушев. 

За да се заштити капиталот и работниците, дополни, е потпишан договор за преработка на руда. Гарантирано е дека сите ќе одат на работа и ќе земаат плата.

- Моментно се прават подготвителни активности за рестартирање на компанијата. Додека не се заврши со планот за реорганизација во меѓувреме сите вработени ќе одат на работа и ќе земаат полна плата, компанијата ќе стопанисува а  со тоа ќе и помага на државата, ќе се земаат даноци и ќе има учество во БДП, изјави Анѓушев. 

Сметам дека со домаќински пристап кој се покажа од сите чинители во овој процес можеме да покажеме оти со таков пристап може да се рестартира Фени и да се спаси секоја компанија.

 

 

 

 

 

08.02.2018 - 16:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега