Дваесет домашни компании добија средства за спроведување иновативни проекти

 Дваесет домашни компании од денеска ќе спроведуваат иновативни проекти со 80 милиони денари преку Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), од кои 58 милиони денари обезбедува Владата, а останатите Светска банка. Корисници на парите се петте најуспешни учесници на повикот на ФИТР02 Предизвик, како и 15 најдобри проекти од четвртиот повик за инструментите за стар-ап и спин-оф и за комерцијализација на идеи. 

Договорите на претставниците на компанијата им ги врачија премиерот Зоран Заев, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски и директорот на Канцеларијата на Светска банка во Македонија и Косово, Марко Мантонавели. 

Иновациите се во фокусот на третиот столб од владиниот план за економски раст.

 

 

 

08.02.2018 - 15:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега