Велес: Воз прегази човек - седел на шините

Воз кој сообраќал на релација Битола - Скопје удрил во лице, чиј идентитет засега не е познат во близина на Велес.

Како што инфромира полицијата, железничката несреќа се случила околу 18:15 часот кога возот удрил во лицето кое според првичните информации седело на шините.

Човекот починал на лице место, а полицискиот увид се уште трае

Ова е втора железничка несреќа денес.

Претходно воз удри во камион, а возачот на истиот завршил со тешки повреди.

најчитано сега