Вечерва останете дома: Во центарот на Скопје опасно по живот

Ако немате некои неодложни обврски, тогаш вечерва најдобро е да останете дома. Ако морате да излезете, избегнувајте го делот околу Мавровка бидејќи таму, мерната станица на Министерството за животна средина покажува скоро 10 пати над нормалното загадување. Во 20 часот таму измерени се 428 микорграми на метар кубен ПМ10 честички.
Од скопските населби следи Карпош со 218, Гази Баба со 208, Лисиче со 179 и Центар со загадување од 160 микрограми на метар кубен ПМ 10 честички.
Од останатите мерни точки, единствено во Битола има загадување на 200 микрограми на метар кубен.

 

 

 

30.01.2018 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега