Федерацијата на планинарски спортови обвинува дека МПЦ-ОА сака да им го одземе планинарскиот дом Матка

Македонската православна црква – Охридска Архиепископија јавно да образложи како стана сопственик на планинараскиот дом Матка, побара денеска Федерацијата на Планинарски спортови на Македонија. Управата на федерацијата обвинува дека црквата сака насилно да го одземе објектот и покрај документите со кои била потврдена сопственоста. Претседателот Јовица Угриновски тврди дека сите документи кои ги поседува федерацијата, а датираат дури од 1930-та година, укажувале дека сопственик на домот Матка е планинарската федерација.

– Ако ова ни се случува нам, може и на секој еден граѓанин на нашата Република. Во еден ден да добиете од Катастарот решение дека планинарскиот дом е сопственишто на Федерацијата и на планианрите, а веќе следниот ден, по само 24 часа, истата институција да ја прогаси ПМЦ ОА за сопственик на планианрски дом без основ за истото.. На ова може и Девид Коперфилд да им подзавиди, – реагираат од Федерацијата.

Поддршка до ФПСМ во борбата за зачувување на планинарските домови дале најголемиот број на клубови од цела Македонија, како и од меѓународни институции и поединци.

На средбата со новинарите беше презентирана поголемата акција која ја спроведува Федерацијата и нејзините членови за враќање на планинарските домови на планинарите.

 

 

 

 

29.01.2018 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега