Во вторник ново задолжување од околу 24 милиони евра

Во вторник Владата на Македонија повторно ќе се задолжи на домашниот пазар со речиси 24 милиони евра. На  аукцијата на домашните кредитори ќе им бидат понудени две 15 годишни обврзници во вредност од  8 милиони евра и едногодишни записи од околу 10 милиони евра.

 Ова ќе биде второ задолжување на домашниот пазар годинава откако на почетокот на месецот по основ на државни хартии од вредност државата запиша 73,7 милиони евра. 

Освен задолжувањето дома, државата не го намалува ни надворешното финансирање. На странскиот пазар  се задолжи за половина милијарда евра. Новата еврообврзиница првиот финансиер ја правдаше со историски најниската каматна стапка од 2,75 отсто.

Дел од бизнисмените  се изјаснија дека задолжувањето е оправдано само ако парите се трошат на капитални проекти. 

 

 

 

22.01.2018 - 08:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега