Скопје се гуши и покрај итните мерки - автобусите бесплатни и денеска

Воздухот во Скопје и денеска е екстремно загаден, и покрај итните мерки кои веќе трет ден се практикуваат.

Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 187 микрограми на метар кубен, Ректорат 173, Центар 107, Гази Баба 104, Карпош 92.

Во другите градови највискои концентрации на ПМ10 честички се измерени во Битола 135 микрограми на метар кубен, Кочани 126, Кичево 117, Тетово 109 и Кавадарци 87.

И денеска ЈСП со безплатен превоз за граѓаните поради загадувањето.

 

 

 

10.01.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега