Новогодишната елка во Скопје ќе се осветли вечерва

Во пресрет на празниците вечерва ќе биде осветлена новогодишната елка на плоштадот „Македонија“.

Од Град Скопје информираат дека осветлувањето на новогодишната елка ќе биде пропратено со изведба на хоровите од средните училишта во град Скопје, а под диригентска палка на Јасмина Беличанец.

Ќе учествуваат хоровите на Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов”, гимназиите „Јосип Броз – Тито”, „Раде Јовчевски - Корчагин”, „Орце Николов”, „Никола Карев”, „Марија Кири Склодовска”, СЕПУГС „Васил Антевски - Дрен” и СЕТУ „Михајло Пупин”.

 

 

 

18.12.2017 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега