Конференција за загадениот воздух во Скопје

 

Проектот на УСАИД за граѓанско учество (ПГУ) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, денеска организираат панел дискусија за политики за заштита на квалитетот на воздухот во Скопје.

Форумот е можност за отворен дијалог меѓу претставниците на централната и локалната власт, граѓанските организации, експерти и други релевантни засегнати страни да развијат интегриран пристап за решавање на проблемот со загаденоста на воздухот.

Учесниците ќе имаат можност да разговараат за предложените пристапи за решавање на проблемот со загадување на воздухот и за зголемување на соработката во развивањето и спроведувањето на следни чекори во постигање на заедничката цел а тоа е, чист воздух.

Проектот на УСАИД за граѓанско учество (ПГУ) е петдогишен проект во износ од 9,4 милиони долари кој се стреми да го зајакне капацитетот на граѓанските организации и младинските групи за унапредување на јавните политики, подобрување на јавните услуги, промовирање на доброто владеење и да се придонесе за подобрување на животниот стандард на луѓето во Македонија.

ПГУ се спроведува од страна на Ист Вест Менаџмент Институт, во партнерство со четири локални граѓански организации Фондацијата за интернет и општество “Метаморфозис“, Асоцијацијата за демократски иницијативи, Фондацијата отворено општество во Македонија и Националниот младински совет на Македонија.

 

 

 

14.12.2017 - 09:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега