Адријан Муча е новиот директор на „Паркови и зеленило“

 Адриан Муча од МТСП е нов директор на Јавното претпријатие ,,Паркови И зеленило" од Скопје. 

Како што потврди Град Скопје за МИА, скопскиот градоначалник Петре Шилегов синоќа го назначил новиот директор, кој доаѓа на местото на Душан Авировиќ.

Минатиот месец нови директори добија јавните претпријатија ЈСП Скопје, Водовод и канализација и Улици И патишта. Се очекува во наредниот период нови директори да добијат и останатите јавни претпријатија и културни институции во надлежност на Град Скопје.

 

 

 

13.12.2017 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега