Пијан кумановчанец со моторна пила ги нападнал сопругата и синот

Кумановчанец си заработи кривична пријава за семејно насилство.

Се работи за 55-годишниот  Б.Д. кој во алкохолизирана состојба во семејната куќа започнал вербална расправија со својата 52-годишна сопруга Р.Д. и 23-годишниот син М.Д.

Кумановчанецот им се заканувал дека ќе ги убие, а откако истите се затвориле во спалната соба, пријавениот со моторна пила ја исекол вратата.

најчитано сега