Училиште од тетовско остана без 72 компјутери

Вчера било ограбено основно училиште во тетовско.

Се работи за основното училиште  „Луиѓ Гуракуќи“ лоцирано во Желино-тетовско каде непознат сторител  извршил тешка кражба.

Крадецот успеал да одземе 72 лап-топ компјутери и 69 адаптери.

Со тоа, крадецот направил материјална штета од 900.000 денари.

Полицијата работи на расчистување на случајот.

најчитано сега