Мајка монструм - Си ја терала малолетната ќерка да забремени

Жената која очајнички сакала уште едно дете, ја приморала својата 14 годишна ќерка да забремени, со помош на сперма донатор, изјавил судијата на британскиот Висок суд Питер Џексон. Џексон исакнал дека мајката се понела на „слабиот и себичен начин“, кој се коси со основните човекови начела. Тој навел дека жената, Американка која живее во Британија со три посвоени деца, се одлучила да ја натера најстарата ќерка да забремени, поради тоа што не и е дозволено да посвои четврто дете. Жената преку интернет купила шприц со сперма од донатор и планот и било да нејзината ќерка ја затрудни со инсеминација. Обидот завршил неуспешно, но истата ќерка на 17 годни родила машко бебе со помош на сперма од донатор. Деталите за прв пат се откриени денеска, поради тоа што медиумите ја довеле во прашање рестрекцијата за известувањето во случаевите со семејно право. 

најчитано сега