Координативен состанок за намалување на аерозагадувањето во Скопје

Состанок за координирање и усогласување на активностите за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух со градоначалникот на Скопје и градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион, ќе одржат денеска министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и заменик министерот Јани Макрадули.

На состанокот, како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, ќе бидат презентирани моменталната состојба, законските ингеренции,  актуелните планови,  досегашните искуства и  проблеми, како и предлог мерките и патоказите за дефинирање на идна комуникација и делување да имаат МЖСПП, УНДП, Државниот инспекторат за животна средина и Инспекцискиот совет.

На средбата, како што е најавено, ќе присуствуваат и постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. 

 

 

 

08.11.2017 - 08:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега