Со скандирања „УЧК“ помина протестот против пресудите за „Диво насеље“

Заврши протестот во Скопје против пресудите за обвинетите во случајот „Дива населба“.

Со транспаренти на албански јазик и скандирања „УЧК“ и „Косово“, помина протестот против пресудите за случајот “Диво насеље“.

 Протестот беше мирен, поддржан од семејствата на обвинетите кои на плоштадот „Скендербег“ се обратија пред помала група на поддржувачи. 

Од плоштадот Скендербег“ протестот продолжи пред Кривичниот суд каде заврши. Иако првично беше најавено, учесниците на протестот не се упатија кон Собранието на Република Македонија.  

Организаторите бараат меѓународна истрага и ревизија на случајот кој, според нив, е уште една неправда кон Албанците во Македонија. Покрај за Диво Насеље се бара слобода и за други осудени Албанци за случаите Монструм, Бродец и други.  

По завршување на протестот сообраќајот е нормализиран. За време на протестот забележително беше зголемено присуство на полицијата, а сообраќајот во централното градско подрачје во Скопје ќе биде пренасочен.

 

 

 

05.11.2017 - 14:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега