Задушница ќе го измени сообраќајот во Скопје - каде нема да се вози

МВР информира дека поради верскиот празник Задушница, утре и задутре (04./05.11.) во периодот од 06 до 16 часот ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот кај гробиштата во Бутел, Камник и Ѓорче Петров.

Поради изведување градежни работи ќе биде затворен и дел од ул.„Александар Урдаревски“ (во реонот на гробиштата Бутел).

Сообраќајниот режим на движење на возилата ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“ во правец од кружниот тек на ул.“Александар Урдаревски“ кон пристапните влезови на гробишта Бутел, а излезот ќе се одвива по ул.“Боца Иванова“, лево, по ул.“Александар Урдаревски“ кон клучка „Мирковци“ (обиколница).

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници, сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај.

 

 

 

03.11.2017 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега