Полицијата демне, пајакот прави „парче" - многу несреќи во Скопје

 

Седум лица се полесно повредени во три од вкупно 13 сообраќајни несреќи регистрирани во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во 10 била причинета материјална штета.

Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и еден возач се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, 16 возачи го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и шест возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото. Затекнати биле 53 непрописно паркирани возила.

Со помош на специјалното возило пајак, отстранети биле 73 возила.

 

 

 

 

03.11.2017 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега