Млад охриѓанец крадел бакар од трафостаници

24 годишниот охриѓанец А.Т. заработи 30 дневен притвор, поради сомнение дека извршил кражби на бакар од трафостаницата на ЕВН во Охрид.

Според полицијата, А.Т., на 22. април, заедно со двајца познаници, украл бакарен енергетски кабел и девет главни бакарни шини со должина од 1,5 и 2 метри од трафостаницата на ЕВН лоцирана во населбата „Св. Стефан“.

Неколку дена пред тоа, крадците успеале да украдат над 350 килограми бакар од погоните „Дистрибутивни транс- форматори“ и „Разделувачи“ на А.Д. „ЕМО“. Минатиот месец, пак, младиот охриѓанец и неговата "банда" украле 5 електро мотори со различна моќност и петметарски трофазен кабел од магацин во селото Опеница. Крадците успеале да го пресечат и кабелот за довод на струја кај балонот за фудбалско игралиште на булеварот „Туристичка“. 

најчитано сега