По еден век Холандија добива крал

Холандија денеска по повеќе од еден век со кралица на тронот, ќе го добие кралот Вилем Александар.

Холандската кралица Беатрикс (75) абдицираше во корист на синот Вилем-Александар (46) по речиси 33 години на престолот за време на кои по мислење на нејзини поборници, го трансформирала кралството во модерна монархија.

Вилем-Александар со тоа ќе стане прв крал на таа монархија по повеќе од еден век колку на престолот биле жени. Тој има три ќерки, принцезата Катарина-Амалија (9), Алексија (7) и Аријана (5). Амстердам е симболично обоен во портокалова боја, официјална боја на холандското кралско семејство. 

најчитано сега