Ѓорѓиевски до кумановци: Гласајте за рекреативен парк, индустриска зона, детски градинки, проектот „Куманово без кал“

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Ѓорѓиевски на денешната прес-конференција од Спомен Костурницата побара поддршка од граѓаните и ги повика да гласаат за рекреативен парк, индустриска зона, детски градинки, проектот „Куманово без кал“.

– Времето за одлуката дојде, ќе ја видиме на 15 октомври. Доколку сакате да настапи промената во Куманово со заокружување на бројот 13, добивате рекреативен парк Студена вода, нов индустриски центар сместен во локалитетот Речица, три спортски сали, добивате три детски градинки, реализација на проектот „Куманово без кал“ што ќе трае четири години, ќе го вратиме сјајот и зеленилото во Куманово, она по што Куманово беше препознатливо, рече Ѓорѓиевски.

Тој ги повика граѓаните масовно да излезат на избори во недела и да го заокружат бројот 13, за него како што рече идниот градоначалник на Куманово и за советничката листа.

– Гарантираме дека сите овие проекти кои ги понудивме во предизборната кампања ќе имаат своја реализација, рече Ѓорѓиевски.

Тој им се заблагодари на граѓаните за дадената поддршка во овој период и додаде дека на 15 октомври со добиената поддршка од граѓаните ќе биде нов градоначалник на општина Куманово.

 

 

 

13.10.2017 - 15:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега