Охридските бродови се подготвени за туристи

Неодамна спроведената техничка контрола од страна на експертите на бродски регистар „Биро Веритас“, овластена да ја контролира „кондицијата“ на бродовите што пловат по езерото, покажа дека ситуацијата на комерцијалната флота на Охридското Езеро е редовна, односно сите бродови регистрирани во Капетанијата на пристаништа во Охрид се исправни за пловидба.

Како што е соопштено од Капетанијата, сите комерцијални бродови го минале прегледот, при што е утврдено дека не се регистрирани недостатоци, односно дека ситуацијата е редовна, а пловните објекти се подготвени за престојната туристичка сезона.

Станува збор за шест бродови со носивост меѓу 80 и 150 патници, како и неколку пловни објекти односно чамци со капацитет од најмногу 12 патници. 

ФОТО: е-вести

најчитано сега